Кристијано Роналдо успеа да расплака навивачка. Но не поради тоа дека бил арогантен или нешто слично, туку тоа беа солзи радосници на младата шпанка.
Викендот на натпреварот помеѓу Реал и Виљареал одигран на стадионот Ел Мадригал, навивачката од првите редови го молеше да и го подари неговиот дрес, а Португалецот тоа и го направи.
Тогаш и настанаа проблемите, сите го сакаа дресот, но некако успеа да го земе, тогаш дојдоа и солзите радосници.
Кога се смири го скри во ташната, да биде на сигурно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.