| четврток, 6 декември 2018 |

Шпионите соработувале со грчката и со унгарската тајна служба

lisice-hapsenje-1331803344-136476

Грчката и унгарската разузнавачка служба биле најревностни соработници на учесниците во аферата „Шпион“ и на водачот на групата, Марјан Ефремов, пишува „Дневник“.

Добиените информации тие ги плаќале со пари, со тоа што понекогаш како противуслуга обезбедувале одмор или забавување на клучниот актер во аферата во едно познато италијанско монденско летувалиште. Претпоставка е дека лица од унгарската служба купените информации за состојбите во македонската држава им ги препродавале на други заинтересирани служби. Инаку меѓу лицата што комуницирале со Ефремов се среќаваат македонски политичари, меѓу кои има и претседатели на политички партии.

Актерите во случајот што пред два дена го обелодени МВР собирале и доставувале до разузнавачки служби од соседна земја на Македонија информации за радикален исламизам, за изборите и политичките случувања во земјава и за поставеност за безбедносните служби. Во интерес на истрагата, но и поради доверливост на информациите, полицијата официјално не соопштува за која земја станува збор, ниту детали за чувствителните информации со кои се „тргувало“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top