Во австриски град Анаберг, напаѓач уби двајца полицајци и возач на возило за брза помош , а потоа се сокрил на еден земјоделски имот. Полицијата соопштува дека веројатно трет полицаец е киднапиран од страна на напаѓачот.
Австриското МВР побара да не се даваат никакви информации во врска со овој случај, со цел да се спречи евентуално информирање на напаѓачот преку медиумите.
Анонимен локален полицаец телефонски соопштил дека специјални единици ја опколиле фармата каде што се крие убиецот. Според медиумите напаѓачот е 55-годишен крадец, кој почнал да бега откако ја забележал дека полицијата му се приближува, а потоа отворил оган и убил еден припадник на австриската специјална единица „Кобра“, еден полицаец и возач на медицинско возило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


