| четврток, 6 декември 2018 |

„Кака ми плачеше на телефон“

Во саботниот натпревар од третото коло во италијанската Серија А, бразилецот Кака се повреди на првата утакмица по враќањето во тимот на Милан.

Повредата на Кака ќе го одвои од терените најмалку еден месец, а веднаш по дознавањето колку време ќе паузира се одлучи на следниот потег

-Одлучив да не земам плата од клубот додека не се вратам на теренот- изјави Кака.

Таквата реакција ги воодушеви навивачите на Милан, а исто и потпретседателот Адриано Галијани.

-Тој негов гест беше феноменален. Плачеше на телефон, му беше многу жал што се повреди“,  додаде Галијани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top