| четврток, 6 декември 2018 |

Гулбис: Не ги поднесувам луѓето како Ѓоковиќ

Постојат луѓе кои се воодушевени со ликот и делото на првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, но има и такви кои единственото нешто што го имаат да го кажат се негативни работи, кога станува збор за него.

Контроверзниот латвијски тенисер Ернест Гулбис, кој моментално се наоѓа на 36. позиција е еден од оние на кои Ѓоковиќ им оди на нерви.

– Едноставно не ги поднесувам таквите луѓе, кои се менуваат потполно кога ќе дојдат до пари и ќе ја допрат славата. Ѓоковиќ некогаш беше нормална личност, но денеска тој и јас немаме ништо заедничко. Парите и успехот му удрија во глава. Искрено не сакам такви луѓе, тие се без карактер – ова го изјави Гулбис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top