| четврток, 6 декември 2018 |

Дамаск го обвинува Ердоган за подбуцнување тензии

helikopterСпоред сириската армија Турција „избрзала“ со соборувањето на сирискиот хеликоптер кој навлегол во турскиот воздушен простор, обвинувајќи ја владата на Ердоган дека сака да ги зголеми тензиите долж границата.
– Избрзаната реакција од турска страна, особено што леталото се враќало и немало воена мисија, е доказ за вистинските намери на владата на Ердоган кон Сирија, а тоа е зголемување на тензиите на границата меѓу двете земји, се наведува во соопштението на сириските воени сили, објави сириската државна агенција САНА.
Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу соопшти дека Анкара ќе го информира Советот за безбедност на ОН и државите членки на НАТО за деталите и околностите под кои е соборен сирискиот хеликоптер.
Сириски воен хеликоптер Ми-17 навлегол на два километри во воздушниот простор на Турција, по што турски воени авиони го собориле леталото кое паднало на сириска територија, на 400 метри од округот Јалдаги. Турција и Сирија делат граница во должина од 900 километри. Во Турција од почетокот на конфликтот во Сирија засолниште добиле околу 500 илјади сириски бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top