
Голема операција за извлекување на луксузниот брод Коста Конкордија е во тек, а сите кои сакаат да ја следат операцијата во живо можат да го сторат тоа тука.
Акцијата почна со три часа задоцнување поради силно невреме кое ноќеска го зафати островот Џиљо во Тиренското Море.
– Ова е една од најсложените и најскапите поморски операции на подигнување на трупот на Коста Конкордија во исправена положба. Ќе трае до вторник наутро. Многу подолго отколу што се очекуваше, соопшти шефот на агенцијата за цивилна заштита.
– Коста Конкордија делумно потона на 13 јануари 2012 година по несреќа во која загинаа 32 патници.
Исправувањето на бродот треба да трае од 10 до 12 ласови, но експертите кои раководат со операцијата укажуваат дека тоа е тешко да се предвиди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


