| четврток, 6 декември 2018 |

Стотици деца во Албанија не отидоа во училиште поради страв од крвна одмазда

Стотици деца во Албанија денеска не присуствуваа на првиот училишен час поради страв од крвна одмазда што се пренесува со поколенија, соопшти албанската Организација за помирување.

Според податоците, вкупно 590 деца на возраст од три до 15 години, нема да посетуваат детски градинки иил училишта поради стравувањето од средновековната традиција, според која, „крвта се одмаздува само со крв“, јави Танјуг.

Крвната одмазда датира уште од 15 век. Според оваа традиција, сите машки членови на семејството, вклучувајќи ги и новороденчињата, може да бидат убиени, затоа што некој од нивниот род убил член на друго семејство. Ова брутално правило се уште е распространето во сиромашните планински региони во северна Албанија, но и во некои села и градови во другите делови на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top