Пожар зафати зграда на улицата Емин Дураку во општина Чаир. Според првичните информации се работи за пожар што избувнал во подрумските простории.
– Се работи за пожар во подрумска простории. Противпожарните возила се на терен и работат на гаснење на огнот. Засега немам детални информации – вели командантот на противпожарна бригада на Скопје, Благоја Менковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


