Од формирањето на Комисијата за озонска обвивка, при Министерството за животна средина и просторно планирање, 99 отсто од потрошувачката на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка се елиминирани, изјави ресорниот министер, Абдулаќим Адеми, при одбележувањето на Меѓународниот ден на озонската обвива во Град Скопје.
Како што рече Адеми, изминативе години се интензивирани активностите за редукција на опасните ХЦФЦ соединенија кај разладните уреди, се организираат обуки на таа тема на професори од средни училишта и обезбедена е опрема за собирање и рециклирање на разладните средства.
16 септември е прогласен за меѓународен ден на заштитата на озонската обвивка со Резолуцијата 49/114 на Генералното собрание на Обединетите нации. Оваа година меѓународната заедница го обележа овој ден под мотото „Здрава атмосфера: иднина која ја сакаме“ и целта е да потсети на сè она што е сторено и она што треба да се направи за да се обезбеди чиста и здрава животна средина за идните генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


