Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на јубилејната дваесетта математичка олимпијада во организација на Друштвото на математичари и информатичари „Паскал“ и списанието „Плус“, која се одржа во просториите на Универзитетот на Југо-Источна Европа во Тетово.
– За математика може многу да се зборува. Таа се јавува секаде каде што постојат комплицирани проблеми со квантитет, структура, простор или промена. Најпрво овие проблеми се јавувале во трговијата, мерење на земја и подоцна во астрономијата. Денес, проблеми за математичарите се јавуваат кај сите науки, а многу проблеми исто така се јавуват и во самата математика, истакна министерот Адеми во обраќањето.
Затоа, напомена Адеми, цениме дека е неопходно математиката да биде задолжителен предмет во процесот на државната матура, затоа што тоа е материја малку видлива, но многу практична и ефективна во секојдневниот живот. Особено е значајна, подвлече, за младите кои се определуваат за техничките струки.
– Во сите меѓународни пракси и истражувања јасно е покажано дека земјите кои силно се фокусирани на математиката во кој било сегмент од образованието, имаат многу поквалитетни резултати, додаде меѓу другото министерот Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст