| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Божиновски осомничен во „Шпион“, шпионирале и уценувале дека сè ќе објават на портали

zoran bozinovska11

И Зоран Божиновски е меѓу осомничените за акцијата „Шпион“ и по него ќе биде распишана потерница. Тој во досието се води како Луди Милојко – дознава „Република“.

Според МВР, шпионирале и бизнисмени и политичари. Меѓу 22 осомничени двајца се од Агенцијата за разузнавање, двајца од УБК,  четворица се поранешни вработени од УБК, еден е од Министерство за одбрана, еден од Државниот архив. Ги уценувале шпионираните дека информациите до кои дошле преку шпионажа ќе ги објават на портали – велат од МВР.

Од нивните домови запленети се 27 лаптопи и персонални компјутери и се најдени голем број строгодоверливи документи, досиеја, 32 мобилни телефони, мемориски картички, УСБ-стикови. Сето ова го правале за пари, информациите ги продавале на странски разузнавачки служби или ги уценувале шпионираните за пари за да не ги објават информациите. Во домовите на уапсените биле запленети и 16 парчиња оружје.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top