| четврток, 6 декември 2018 |

Паско Кузман веќе бил осуден на една година затвор, условно

pasko kuzman 1

Во Основниот суд 1 во Скопје почна судскиот процес познат како „Фаланга 2“ во кој на списокот на обвинети е и Паско Кузман, како претпоследен пријавен, јави „Нова Македонија“.

Археологот беше прашан дали досега бил осудуван за што кажа дека има пресуда од условен затвор од една година.

Кузман не кажа колку му е условот и дали времето за проверка за издржување на казната поминало. Тој бил осуден за злоупотреба на службената положба и овластување при изградбата на црквата на Плаошник во Охрид.

Во моментов се чита обвинителниот акт во кој е опишано кој копал, кој крадел, кој купувал и кој продавал археолошки предмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top