Бијонсе беше повлечена од сцената за време на нејзиниот настап во Сао Паоло, Бразил во неделата вечер.
Фанот успеа да ја зграби со двете раце и да ја повлече од бината пред да реагира обезбедувањето и да ја врати.
Бијонсе пееше клекната близу до публиката со што му ја олесни работата на лудиот фан.
Обезбедувањето брзо реагираше, веднаш ја вратија на бината, а ѕвездта продолжи да пее.
„Се е во ред“, рече Бијонсе и продолжи со концертот.
Пејачката застана со својот настап, и го праша фанот како се вика, откако тој и одговори таа му рече, „Фала ти, те сакам и јас тебе“.
Како вистинска професионалка, Бијонсе продолжи со својот настап како ништо да не се случило, а на публиката им се обрати со зборовите „Ве сакам сите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.