
Македонската економија во второто тримесечје годинава пораснала за 3,9%-објави државната статистика. Најголем двигател е градежништвото со 33.2%, секторот сообраќај со 7.5% и рударство со 4.1%. Финалната потрошувачка на домаќинствата , која учествува со 76% во структурта на бруто домашниот производ исто така бележи номинален пораст од 3,5 отсто. Расте и извозот и увозот на стоки. За првите три месеци забележан е раст на бдп од 2,9%. Владата за годинава проектираше раст на економијата од 2%.
Градежништво 33.2%Сообраќај 7.5%Рударство , преработувачка индустрија 4.1%
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


