Најмалку петнаесет луѓе ги загубиле животите во невремето во сојузната мексиканска држава Гуереро, на пацифичкиот брег. Брегот го зафатија во силните дождови кои ги донесе тропската бура Мануел, додека ураганот Ингрид се приближува на бреговите на сојузната држава Веракруз, која се наоѓа на брегот на мексиканскиот залив.
Тропската бура Мануел и ураганот Ингрид предизвикаа лизгање на почвата и поплави, поради што многу локални жители мораа да ги промена плановите за продолжениот викенд и прославата на Денот на независноста 16-ти септември кога во 1810 година започна мексиканската борба за независност. Шест мексикански туристи кои патувале кон познатото летувалиште Акапулко во сојузната држава Гуероро, загинале кога возачот ја загубил контролата над возилото поради силниот дожд. Уште три лица загинале во регионите на Акапулко, Алтамахалсинго и Малиналтепек. Покрај тоа, од сабота двајца мажи се водат како исчезнати.
Во поплавите и лизгањето на почвата предизвикани од ураганот Ингрид, најмалку шест лица загинале во сојузните држави Идалго и Пуебла. Според мексиканската државна агенција Notimex, три лица загинале откако нивното возило било однесено од поројните дождови, а други три откако нивниот дом затрупан во лизгање на земјата.
Според метеоролозите ураганот Ингрид кој е од Категоријата 1, го следат ветрови со брзина од стотина километри на час и се очекува во понеделникот наутро да зајакне и предизвика лизгања на земјишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


