| четврток, 6 декември 2018 |

Србија во финалето на Дејвис купот

srbija tenis

Тениската репрезентација Србија предводена од првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во финалето на тенискиот Дејвис куп победувајќи ја во полуфиналето репрезентацијата на Канада.

По првите два дена од ова натпреварување Србија губеше со 1-2 во мечеви откако во петокот Ѓоковиќ го победи Васек Поспишил додека Јанко Типсаревиќ загуби од Милош Раониќ. Во саботата србите го загубија и мечот во двојки.

Денес Новак израмни на 2-2 по победата од 3-0 (7-6,6-2,6-2) во сетови го победи Раониќ, а Типсаревиќ го совлада исто така со 3-0 (7-6,6-2,7-6) и славеше победа за пласман во финалето.

Србија во финалето ќе игра против селекцијата на Чешка која во полуфиналето ја победи репрезентацијата на Аргентина.

Финалето ќе се игра во Белград во познатата Комбак арена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top