Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, ќе се сретне со шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг и американскиот државен сеекретар Џон Кери со кои ќе разговара за сириската криза. На разговорите, закажани за утре, ќе присуствува и шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус.
САД и Русија вчера постигнаа договор за контрола врз сириското хемиско оружје со кој се предвидува тоа да биде целосно уништено до средината на следната година.
Франција соопшти дека договорот во Женева е „важен чекор напред“ и наведува дека разговорите на шефовите на дипломатиите на Франција,САД и Британија в понедленик во Париз ќе се фокусираат на негово спроведување. Фабиус рече дека ќе го почека извештајот на ОН кој ќе биде објавен утре за да биде формулиран конечниот став.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.