Поп пејачот Адријан Гаџа се почесто се појавува во јавноста со својата нова „пријателка“. Тој со русокосата убавица, која изгледа одлично, попладнево беше на ручек во еден ресторан во ГТЦ и воопшто не се воздржуваше да искаже љубов. Галења, прегратки и по некој бакнеж… Медиумите неодамна објавија за раскинувањето на популарниот пејач и на албанската водителка Луана, а тој веќе си најде нова убавица за шармирање. Ова е вторпат да го уловат Гаџа со русокосата убавица, откако неодамна папараци ги фотографираа додека пиеја утринското кафе во едно од скопските кафулиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.