| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети со честитка до Рама по изборот за албански премиер

ahmeti-685x320Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети упати честитка до Еди Рама по повод изборот за премиер на Република Албанија.

– Доброто одвивање на овие избори постави нови демократски стандарди во Албанија кои што ќе и овозможат да добие статус на земја кандидат за членство во Европската унија на Декемврискиот самит. Се надевам и истовремено сум убеден дека Албанија ќе добие и датум за започнување на преговори со Европската унија следната година. Имам задоволство да ја изразам мојата готовност, како и на сите нас од Демократската унија за интеграција за соработка за општото добро и олеснувањето на зближувањето на нашите граѓани во сите полиња, истакнува Ахмети во честитката.

Упатувајќи ги моите изрази на почитување, вели Ахмети, ви посакувам успешна работа и ве осигурувам дека во мене ќе пронајдете пријател и соработник во реализацијата на нашиот регионален заеднички проект за евротлантска интеграција.

Претходно новата албанска влада и програмата за работа за наредните четири години со мнозинство гласови добија доверба од албанскиот парламент.

Од прустните 137 пратеници „за“ гласаа 82 пратеника, додела 55 беа против.

На гласањето не присуствуваше пратеникот од демократската партија и екс премиер Сали Бериша. На чинот на гласањето и претходеше дводневна маратонска дебата, во која преовладуваа дискусиите на опозицијата,за кои напишаното во програмата било спротивно на изборните ветувања за што албанските граѓани и дале доверба на победничката коалиција.

При обраќањето на Рама и упатениот апел, посебно до опозицијата да ја изгласаат владината програма, што ќе знаи препород на Албанија, опозициските пратеници сакаа да го замолчат со удирање на столиците.

На попладневниот дел од работата на парламентот, околу 15 часот во собраниската сала пристигна и евроамбасадорот Еторе Шеќуи.

Новата влада брои 21 член, претседател на владата, еден потпретседател и 19 министри од нив шест жени. Потпретседател на владата ќе биде Нико Пелеши, шеф на дипломатијата Дитмир Бушати, Саимир Тахири прв полицаец, а прв човек на одбраната е жена, Мими Кодели. Министер за финансии е Шкелќим Цани, за евоинтеграции Кладја Ѓоша, за правда Насип Начо, министер за транспорт и инфраструктура Едмонд Хаџинасто.

 Во новата албанска влада по првпат дури на шест министерски места се жени:одбрана, евроинтеграции, урбан развој и туризам, за образование и наука, за култура и за иновации и јавна администрација. Владата на социјалистот Еди Рама, вечерва ќе даде заклетва пред шефот на државата Бујар Нишани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top