Браќата Јеврем Поповиќ (16) и Игњат Поповиќ (18), ракометари во младите категории на Партизан, денеска загинале во сообраќајна несреќа на Ибарската магистрала, јавуваат српските медиуми.
Несреќата се случила кај селото Заграџе, во подножјето на Рудник. Покрај браќата загинала и жената која управувала со автомобилот.
Според Танјуг, 44 годишната В.С. која управувала со југо од за сега непознати причини преминала на спротивната лента од коловозот и директно се судрила со камион марка сканија. Момчињата загинале на лице место, а жената им подлегнала на повредите подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.