| четврток, 6 декември 2018 |

Изи и Томи најавија нов проект: работиме на филм за браќата Манаки

На денешната прес конференција со екипата која работеше на филмот „Соба со пијано“ режисерот Игор Иванов-Изи и Томи Салковски најавија нов проект.

-Станува збор за проект кој го работиме и размислуваме подолго време. Авторксите права се заштите ни во Франција, а се работи за фил за браќата Јанаки и Милтон Манаки, најави Изи.

Продуцентот и кинематографер Томи Салковски и режисерот Игор Иванов за присуството на нивниот филм на „Манаки“ беа едногласни дека секогаш е задоволство еден ваков фестивал да се отвори со македонски филм.

– Поканата од Лабина ја примивме со радост и задоволство, затоа што секогаш кога има нова македонска продукција, фестивалот се отвора со македонски филм. Таков беше случајот и со претходниот мој филм „Превртено“. Сето ова малку нè забрза, затоа што ние имавме различни планови, да останеме во постпродукција уште некој месец. Сепак, стигнавме да го завршиме филмот. Финалните копии веќе пристигнаа и подготвени сме да го прикажеме пред македонската публика. За разлика од нашите претходни остварувања, што прво одеа на фестивали надвор од земјава, „Соба со пијано“ прво ќе се прикажува во Македонија, а потоа на меѓународни фестивали, рече Изи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top