| четврток, 6 декември 2018 |

Давид Бабунски настапи на првото „Ел класико“

babunski

Македонскиот репрезентативец и еден од најталентираните млади фудбалери во Европа Давид Бабунски кој оваа година настапува за вториот тим на Барселона денес го одигра своето прво „Ел класико“. Во петтото коло од втората Шпанска лига Бабунски влезе во игра во 76 минута и ги одигра последните 15 минути за својот тим кој го победи лутиот ривал Реал Мадрид Б со 2-0. Оваа година младиот Македонски реппрезентативец беше регрутиран во вториот тим на Барселона и се очекува да остави свој белег во овој тим во текот на долгата сезона. Да се надеваме дека Бабунски во следните години ќе може да облече и дресот на своите идоли во првиот тим на Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top