| четврток, 6 декември 2018 |

Лажеле дека се „Алфа“ полицајци и ограбувале низ Скопје

policija

Тројца млади скопјани заработија 30-дневен притвор бидејќи со лажнои претставување како припадници на „АЛФИ“-те ограбиле сограѓанин.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи Ф.И. (22), А.А. (23) и Г.Т. (22) сите од СКопје се приведени поради сомнение дека извршиле две кривични дела и тоа – “ разбојништво“ и “лажно претставување.
Тројцата на деветти овој месец, околу 22:40 часот со автомобил марка „Шевролет Матиз“ со скопски регистарски таблички сопственост на А.А. се упатиле на улицата “Кеј Димитар Влахов“ во непосредна близина на МРТ каде го пресретнале оштетениот 37-годишниот Е.Х.од Скопје кој се движел пеш сам и му се претставиле дека се полициски службеници од полицискиот тим АЛФА. Притоа, му побарале лична карта за да го легитимираат.
Бидејќи второпријавениот А.А. со себе носел и радио станица оштетениот поверувал дека станува збор за полициски службеници по што им го дал својот личен пасош за легитимација и откако бил легитимиран од страна на првопријавениот Ф.И. му било кажано да извади се од џебовите и откако оштетениот ги извадил парите Ф.И. го фатил за раката и со употреба на физичка сила му ги отргнал парите од рака, при тоа удирајќи го со бокс во пределот на левиот образ. Откако пријавените ги земале парите (1.000 денари) истите влегле во ПМВ и избегале во непознат правец.
Наредниот ден во 01,15 часот на улицата „Цветан Димов“ бб Скопје од страна на полициските тимови на единицата “АЛФА“ сега пријавените биле лоцирани и фатени со возилото „Шевролет Матиз„ и приведени во полиција, каде им е одземен автомобилот, радио станица и картичка со натпис „АЛФА“.
Исто така, во просториите на полицијата „Кисела Вода “ од страна на оштетениот Е.Х. извршено препознавање врз пријавените и возилото и истиот со сигурност ги препознал пријавените како сторители на кривичното дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top