Искрено жалам за она што се случи со смртта на девојчето. Знам што значи да имаш дете и тоа да е болно. Но, да обвиниш некого дека е виновен за нечија смрт, а притоа тоа да не е точно е огромна грешка која доведува во вакви последици – изјави Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ во интервју на телевизијата „Алфа“.
Тој во гостувањето во вестите изјави дека во времето на смртта на Тамара, како претседател на Владата направил сопствена истрага.
– Од она што го добив на крајот испадна дека девојчето починало од бронхопневмонија, а не од болеста од која беше оперирана. Тоа чекаше операција за друга болест. Беше понудено да се лекува во болница во Турција, но родителот на детето оцени дека не треба да биде таа болница. Девојчето со бронхопневмонијата не било третирано соодветно, не било на лекар. Според информациите кои тогаш ги добив, тоа било лекувано со домашни лекови и за жал починало. Потоа Тодоров беше обвинет дека е виновен за смртта. Тоа беше направено со политичка цел, а не за девојчето, за жал – изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница