| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ: Франција е лош ученик

mmf

Франција и по трет пат добива „црвен картон “ поради економската политика во последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд каде се критикува поради високиот јавен дефицит. ММФ ја стави Франција во групата на четирите „лоши ученици“ на Г-20, заедно со САД, Шпанија и Индија.

На вчера отворениот самит на европски министри во Вилнус, ЕК и Европската централна банка упатија критики до францускиот министер за финансии Пјер Московиси поради незадоволувачката економска политика, објави Фигаро.

Во извештајот на ММФ, САД, Шпанија, Франција и Индија се наведуваат како примери на земји со огромни макроекономски неурамнотежености и тоа во три категории – буџетски и трговски дефицити и приватни долгови. Членките на 20-те најразвени земји во светот се заложија дека ќе на намалат потрошувачката и ќе ги забрзаат реформите.

Во извештајот на ММФ, Париз уште еднаш се повикува да ја намали потрошувачката.

„Кличот за подобрување на економскиот раст и проблемот со невработеноста е во реформа на пазарот за труд така што ќе им се овозможи подобрување на капацитетите на компаниите да вложуваат и да отвораат нови работни места“, стои во анализата за економската состојба во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top