| четврток, 6 декември 2018 |

Шербеџија пееше во чест на Тоше

Познатиот српски актер и пејач, Раде Шербеџија со членовите на својот состав „Западен колодвор“ во саботата во Лондон настапи нна дружење во чест и сеќавање на македонскиот прерано почина пејач, Тоше Проески.

Тој за белградски Блиц, вели дека настапот во културниот центар „Study Society“ бил исполнет со насмевки, но и солзи.

-Беше исклучително убаво. На концертот гостин беше македонската пејачка Тања Царовска, која има прекрасен глас. Го посветивме тој концерт на Тоше. Имаше доста емоции бидејќи кога се одржува концерт далеку во светот, тогаш нашите луѓе кои се оддалечени од својата земја доживуваат посебни емоции –  вели Шербеџија.

На ова дружење присуствувале и англиски академици и уметници од различни профили, а меѓу нив бил и продуцентот на Тоше, Енди Рајт.

tose

-Драго ми е што имаше толку многу луѓе и што македонското друштво „Круг“ одлучи мојот настап да биде посветен на Тоше. Се разбира, тоа е направено под сугестија на родителите на Тоше и оние кои се занимаваат со неговото наследство – рекол Шербеџија. Тој во 2011 година со Мирослав Тадиќ  настапи по повод отворањето на Спомен куќата на Тоше во Крушево, каде заедно со Влатко Стефановски премиерно ја изведе необјавената песна на Тоше – „Крушево“.

-Ги сакав неговите песни и мислам дека имаше исклучителен талент. Посебно сакам да ги слушам неговите албуми снимени во живо, на концерти кои го откриваат врвниот пејач и нежниот човек –  изјави тогаш Шербеџија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top