Филмскиот центар од Сараево на овогодинешниот филмски фестивал во Луксембург премиерно ќе ја претстават реставрираната верзија на култниот филм „Валтер го брани Сараево“. Според Центарот, приоритет е да се работи на заштита на босанските филмови. Оваа вест ги врати страстите во поранешната држава- чии се всушност партизанските филмови.
„Партизанските филмови се создадени во Југославија, а се финансирани од повеќе продуценти и покровители. Од денешна перспектива, правно гледано може да се каже дека филмот припаѓа на главниот продуцент. Во случајот со „Валтер..“, „Диверзанти“, „Мост“ и „Партизанска ескадрила“, тоа е Босна филм. Но ако се излезе од правната рамка, филмовите припаѓаат и на уметниците и на авторите, па така ако се направи анкета, веројатно за „Валтер..“ ќе речат дека е филм на Бата Живоиновиќ“, смета Радослав Зеленовиќ од Југословенака кинотека.
„Југословенска кинотека има оригинални материјали, копии и се занимава со реставрација на сите филмови. Поранешните републики ги чуваат своите филмови, а ние ги чуваме сите. Правно гледано, ако баш сакате, нашите филмови се оние на кои мнозински продуценти биле Авала филм, Центар филм и други од Србија. А тоа се и КАпетан Леши, Ужичката република, Отпишаните, Песна, Црвено класје, Хајка и други“, вели Зеленовиќ, кого го пренесуваат хрватските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


