| четврток, 6 декември 2018 |

Варшава: Над 100 илјади против продолжениот работен век

h_50998039
Над 100 илјади лица демонстрираа во Варшава против социјалната политика на либералната влада на Доналд Туск, кого го сметаат за одговорен за проблемите додека економијата на државата стагнира. Демонстрациите ги организираа три синдикати и се врв на четиридневните протести во Варшава.
h_50997856
Додека бројката за власта е околу 100 илјади демонстранти, додека синдикатите велат дека на улица биле околу 150 илјади лица. Тие бараа намалување на старосната граница за пензионирање која е продолжена до 67 години и зголемување на минималната плата.

h_50998081Предупредуваат на несигурноста на работните места и на неодамна донесениот закон кој овозможува продолжено работно време и го обвинуваат премиерот кој е на власт од 2007 дека е глув за нивните барања.

h_50997854

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top