
Над 100 илјади лица демонстрираа во Варшава против социјалната политика на либералната влада на Доналд Туск, кого го сметаат за одговорен за проблемите додека економијата на државата стагнира. Демонстрациите ги организираа три синдикати и се врв на четиридневните протести во Варшава.

Додека бројката за власта е околу 100 илјади демонстранти, додека синдикатите велат дека на улица биле околу 150 илјади лица. Тие бараа намалување на старосната граница за пензионирање која е продолжена до 67 години и зголемување на минималната плата.
Предупредуваат на несигурноста на работните места и на неодамна донесениот закон кој овозможува продолжено работно време и го обвинуваат премиерот кој е на власт од 2007 дека е глув за нивните барања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Полска гори: Околу 200.000 маршираат, патриотите го запалија знамето на ЕУ! (видео)
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени


