| четврток, 6 декември 2018 |

Росана – од сцена во Стружанка

Каде се...

rosanaРетко кој не се сеќава на Маријана и на Росана, двете сестри близначки, кои пред триесет години со своите беспрекорни гласови и секогаш насмеани лица ја освоија публиката. На првиот настап имаа по само 17 години. Легендарната „Признавам“ и денес е хит меѓу младите. Потоа нивните животни патишта одат на сосема различни страни. Маријана замина за Австралија, а Росана ја продолжи својата музичка кариера сама. Ја гледавме како пее „Свири ми брате цигане“, испеа уште неколку хитови. Настапуваше со групата наречена „Четири грации“, каде што покрај Росана се појавуваа и Благица Павловска, Адријана Алачки и Бади Бекир. Потоа се повлече од македонската естрада. Денес многумина ќе речат дека има една жена што многу личи на Росана и работи во ГТЦ. Но, тоа е токму Росана. Росана Сариќ – Тодоровска ја напушти сцената и влезе во текстилната индустрија. Работи како продавачка во продавницата на „Стружанка“ сместена во сутеренот во Градскиот трговски центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top