| четврток, 6 декември 2018 |

Судијата Бошњаковски осуден на една година затвор

bosnjakovski

фото: Вечер

Поранешниот врховен судија Александар Бошњаковски, неговата сопруга Снежана и синот Стефан се прогласени за виновни за одземање на малолетно лице. Денеска судот одлучи тројцата да добијат едногодишна казна затвор која е заменета со четири години условно.

Мајката на малата Александра, Татјана Бошњаковска побара обвинетите да одговараат за злосторничко здружување, додека бранителите од судскиот совет побараа ослободителна пресуда за нивните клиенти.

Вчера судијата  Бошњаковски изјави дека ја грабнал неговата внука мотивиран од љубовта кон неа. Тој се извини до неговото семејство за тоа што ги инволвирал во случајот. За нив тврдеше дека поради почитта ги следеле неговите постапки.

– Како резултат на преживеаниот мозочен удар не можев да ги согледам последиците од дејствата што ги преземав. Сè што сум правел било како резултат  на љубовта кон тоа дете – рече тој.

Александра Бошњаковска беше грабната во јули 2011 година. Во тој период таа живеела со мајка и Татјана во Србија, согласно судската пресуда со која таа го добила старателството. Меѓутоа таму дошле пензионираниот судија Александар и синот Мартин кои со сила и закани го зеле девојчето и го вратиле во Македонија.
Оттогаш таа изгубила секаков контакт со неа, а случајот беше откриен минатиот месец кога таа и се обрати на јавноста и побара помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top