Неодамна, кочанската телевизија „Канал 8“ пренесе дека на првиот по ред фестивал по повод Денот на независноста на Македонија во кочанско Оризари, поради недоволната публика и несоодветната бина, македонските изведувачи Александар Белов, Александар Тарабунов, групите „Черкези“ и „Енигма“, не настапиле, додека, пак, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски навреме го откажале својот настап и воопшто не ни дошле.
На ова реагираше младиот пејач.
– Никогаш не реагирам, ама кога ќе прочитам информација која не е точна, тогаш морам…Не коментирам ништо, само ќе кажам дека имаше публика, да точно – недоволна, но јас и Тара професионално си го одработивме нашето, без разлика дали имаше 5 луѓе или 1000. И не сме заминале како што вели изворот – вели Александар Белов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.