| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Михајловски: Ќе истетовирав 13-ка да не се појавеше Боки 13

petok13Стравот од петок 13-ти е толку распространет што има и свое стручно име – параскаведекатриафобија и фригатрискаидекафобија, а стравот од бројот 13 се вика трискаидекафобија. Одамна е верувањето дека петок 13 е ден кога треба да се остане дома, да не се патува, а потеклото на верувањето за несреќите поврзани со овој ден има различни толкувања.

Една легенда вели дека Адам и Ева токму на петок 13-ти пробале од забранетото јаболко, а според друга, пак, норвешка легенда, дека на една веселба кога влегол тринаесеттиот гостин, бил убиен богот на веселбата Балдер, и оттогаш завладеала темнината.

Поради стравот од петок 13-ти многу болници низ светот немаат соба со број 13, некои облакодери го немаат тој кат, а не постои авионски патнички лет што го содржи бројот 13. Американскиот претседател Френклин Рузвелт никогаш не патувал на 13-от ден во месецот и никогаш не угостувал 13 луѓе. Наполеон и американскиот претседател Херберт Хувер исто така имале голем страв од бројот 13. Американскиот писател Марк Твен еднаш бил предвиден како 13-ти гостин на некоја забава, а пријателот го советувал да не оди. Подоцна Твен вака го опишува тоа сеќавање „Навистина тоа беше една несреќна вечера, а на масата, веројатно не сакајќи, имаше само 12 чинии, додека јадењето беше подготвено само за 12 гости“.

Во Париз рестораните што имаат суеверен сопственик често ангажираат професионален 14-ти гостин.

На бројот 13 му е најнесреќна позицијата. Следува веднаш по бројот 12, кој е според нумеролозите комплетен број зашто годината има 12 месеци, астрологијата познава 12 зодијачки знаци, на Олимп живееле 12 бога, Херкул извршил 12 задачи, Израел имал 12 племиња, Исус – 12 апостоли, а 12-от ден по Божиќ дошле трите свети крала.

Но тоа не важи за сите. Поголем дел од јавните личности имаат на 13-ката гледаат како на среќен број, посебно ако се паѓа во ден петок.

-Беше петок 13-ти кога се скинав од војска. Посреќен ден не може да биде. Потоа на факултет бев 13-ти на список. Требаше да полагаме во четврток, ама се одложи за петок. И чекав да влезам 13-ти, ја немаше 12-ката една штипјанка. Си викам ми ја уништи среќата. Влегувам и пред да почнам влетуваа таа и вика јас сум на ред. Ме прашаа дали ќе дозволам, со огромно срце кажав ДА!. И сакав да си исетовирам 13. Ама се појави Боки 13-ка – вели Тони Михајловски.

toni i simona2

-Не се вбројувам во лицата кои се суеверни во однос на овој ден. Како и секој петок така и овој за мене е исполнет со тековни работни обврски. И не само што не е баксузен , денес сосема спротивно, расположена и без проблем ги завршувам обврските подготвувајќи се за попладневен ручек со пријателите и план за престојниот викенд. Интересни се приказните поврзани во врска со овој датум , но јас не верувам во приказните дека бројот тринаесет, па и дека петок тринаести сам по себе носи несреќа – вели водителката Симона Николовска.

guru hare

-Не сум суеверен, а петок посебно кога е 13-ти ми е омилен :). Роден сум на 13-ти, пораснав на 13-кат, така што 13 ми е омилен број – вели Игор Атанасовски Харе.

milena instagram 2

– Не сум суеверна, не верувам дека петок 13 ти носи лоша среќа, и воопшто не мислам дека е баксузен ден 🙂 Напротив, 13 ми е среќен број, затоа што сум родена на 13 Јануари и полнолетството го прославив на петок 13ти 🙂 – вели Милена Антовска.

radenov

– Секогаш забележувам кога доаѓа, но не сум суеверен. Иако интересно е, имам некое чувство дека нешто ќе се случи, па ќе видиме како ќе заврши и овој ден 🙂 – вели „идолот“ Иван Раденов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top