Веќе никого не изненадуваат обидите за манипулации и пласирањето лаги, бидејќи е сосема очекувано неработењето и непознавањето на законската регулатива, како и еднонеделното отсуство од работа и целовечерните забави во Словенија да се покриваат на ваков несериозен начин, се наведува во соопштението на МВР лиферувано пред малку.
Граѓаните и на град Скопје и на општина Центар и целата држава, седум пати по ред во огромно мнозинство ја отфрлаат ваквата деструктивна политика, давајќи поддршка на градењето просперитетна иднина.
Со денешниот настап Жерновски и Манчевски докажаа четири работи:
1. Корисникот на земјиштето преку општина Центар ја има прибавено целата неопходна законска документација
2. Лицата кои го узурпирале земјиштето го правеле тоа политички, самоволно и надвор од сите важечки закони, нанесувајќи му материјална штета на корисникот
3. Полициската асистенција е во согласност со законските норми
4. Нема ниту една претставка или поплака на полициското постапување
Оттаму логично се наметнуваат заклучоците дека врвот на СДСМ или не ја познава законската регулатива или намерно застанува на страна на прекршителите на законот. СДСМ практично предлага дека кој сака, кога ќе посака може да влезе во сечиј дом и институциите не смеат да помогнат иако граѓанинот поседува доказ за сопственост. Граѓаните знаат дека форсирањето на ваква политика на непочитување на законите, самоволие и анархија е погубно за секоја држава. Граѓаните знаат дека ваква политика на штитење на нечии лични интереси и игнорирање на законите можеби наликува на мрачното минато на Македонија од времето на Бранко Црвенковски, но не и на земја аспирант за влез во евро-атлантските асоцијации.
МВР работело, работи и ќе продолжи да работи согласно законите, постапувајќи неселективно и во одбрана на демократијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи



