| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува „Звуци на чаршијата“

Културно-информативен Центар – Скопје, денеска ја организира манифестацијата „Звуците на Чаршијата“ за 2013 година. Манифестацијата ќе се одржи во Старата чаршија во неколку локации од 13.00 до 24.00 часот. Отвoрањето ќе се одржи на Плоштадот „Скендер-бег“, со присуство на градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити и организаторот на манифестацијата Сермине Пурини, директор на Културно-информативен центар- Скопје.

Отварање е закажано за 13 часот кај Капија на Старата чаршија, каде од што 13.00 до 15.00 – Плоштад „Скендер-бег“ ќе настапат: FLASH MOB – АНПИ „Емин Дураку“, „Прима денс“, ликовна колонија, симфониски оркестар  „Ода на радоста“, хор „Про арс“, диригент Сашо Татарчев.

Од 15.00 до 17.00 часот свој настап ќе имаат: музичка група „Артан и Оли“ и  „Златна труба – левис“, а од 17.00 до 19.00  чаршиска книжарница и проекција на документарен филм за Старата чаршија.

21.00  – 24.00  Куршумли-ан,  албанска софра, Еди Фура и оркестар и Синан Власалиу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top