| четврток, 6 декември 2018 |

Гугл најавува- „Лозинките се мртви“

Хетер Аткинс, менаџер во Гугл за безбедност на информациите, порача дека компаниите кои бараат начин да ги заштитат нивните клиенти мора да знаат дека „Лозинките се мртви“.

Популарните „пасворди“ за овој гигант се минато и не ги задоволуваат стандардите пред налетот на хакерските напади, сподели таа за јавноста. Сега се бара нов начин за заштита на клиентите. Гугл експериментира со хардверски состав сличен на токенот, налик на УСБ, составот на Моторола, дури и со идентификација на тетоважа не се исклучува, или пак идентификација со допир на уредите со нешта кои се вградени во облеките, ги подоткрива тајните Аткинс.

Ова не е поле на кое работи само Гугл. Минатата недела беше претставен концептот на Ними, бразлетна која ги користи срцевите отчукувања како уникатет увтентичен кодиран клуч.

Google-Declares-the-Password-quot-Dead-quot-Again

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top