Веќе втор ден откако Косово забрани увоз на производи од Македонија, а како одговор на тоа македонската влада донесе одлука да се наплаќа влез во Македонија од Косово и тоа по две евра за човек, пет за автомобил и 10 за автобуси и камиони.
Втор ден и како македонски камиони го блокираа граничниот премин Блаце.
Денес во 17:00 часот, невладината организција „Движење за заедничка визија” ќе реализира организирано патување до граничниот премин Блаце.
Таму ќе побараат, итно двете влади да седнат на преговори и да изнајдат трајно решение кој што ќе биде прифатливо за двете страни. Собирот ќе се одржи, ако до утре не биде отворен граничниот премин меѓу Македонија и Косово, велат од невладината.
Едниот дел од членовите на организацијата ќе тргнат од кај Општината Чаир, додека другите од кај трговскиот центар „Мавровка”.
Веќе два дена
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.