| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: Во Азија силуваат жени од досада и за казна

siluvanjeОколу една четвртина од мажите во дел од азиските држави признала дека извршиле најмалку едно силување, покажува истражувањето на ООН. Најмногу се силуваат партнерките во врска, но секој десетти маж признал силување над „туѓа“ жена. Анкетирани се 10 илјади мажи од 6 азиски држави и ова е прва мултинационална студија за раширеноста на насилството врз жените и за причините за такво однесување. Најмногу силувачи се регистрирани во Папуа Нова Гвинеја, каде силување признале дури 60 проценти од испитаниците, додека во урбаните делови на Бангладеш и Шри Ланка признале само 10 проценти. Во Кина, Камбоџа и Индонезија, тој процент е меѓу 20 и 50.

Иако резултатите не го опфаќаат целиот азиско-пацифички дел, даваат добар увид за состојбата.

Околу причините, три четвртини кои признле најмалку едно силување сметаат дека жените им „припаѓаат“, без оглед на нејзиното несогласување. Како втора најголема причина за присилен секс е досадата додека третата е – казнување на жените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top