| четврток, 6 декември 2018 |

Ристевски: Имаме континуиран пад на невработеноста

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски изјави дека во Република Македонија во последните три години и покрај тешките економски и финансиски услови, кои се јавија како последица на кризата, Владата многу фокусирано работи на процесот на намалување на невработеноста

spiro_Rrr-500

-Секоја година пристапуваме со нов оперативен план за активна политика за вработување, кој, генерално, го модификуваме од година во година соодветно на претходните искуства и потребите генерално на пазарот на трудот. Во редовна комуникација со бизнис заедницата генерално и знаеме што им се потребите за да може да го планраме тој оперативен план. Сепак станува збор за еден комплексен систем. Неспорно е дека Европа и кризата во ЕУ има влијание како што има влијание и врз целокупниот економски раст и развој на сите земји во ЕУ, вклучително и на Македонија бидејќи наш најголем извозен партнер е ЕУ, меѓутоа ние како Влада и понатаму ќе продолжиме-  рече Ристовски.

Тој нагласи дека покрај редовните мерки за вработување кои што во просек опфаќаат некаде меѓу 6 до 8 илјади граѓани кои што се опфатени со овој оперативен план годишно, редовно се работи на привлекување на странските инвестиции, корегирање и корекција на работното законодавство во делот на трудовите гаранции, гаранциите за правата на работниците со кој што се овозможува поквалитетна заштита на нивните права и де факто се јавува намалување на можностите од нивна злоупотреба. Во однос на измените на  Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност Ристовски изјави:

– Во изминатите неколку години ние имаме континуирано пад на невработеноста, и покрај тоа што посебно опозицијата во неколку наврати се обиде тоа да го прикаже како наше вештачко бришење на невработени лица, јас не би се сложил со тоа и тоа ќе го потврдам со аргумент. Имено, само 6 проценти од лицата кои што го изгубиле правото и се тргнати од евиденцијата на Агенцијата за вработување поднеле жалба до Министерството за труд како второстепен орган со што се покажува дека и тие самите веруваат во тоа дека не бараат работа, меѓутоа од друга страна моите најголеми очекувања се дека со завршување на процесот за евиденцијата од областа на труд на активни и пасивни лица баратели, односно небаратели на работа со тоа ќе се добие многу појасна слика за тоа колкава е реалната бројка на невработени лица кои што активно бараат работа во Република Македонија кои што сакаат да бидат вклучени во работниот процес- истакна Ристовски.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Република Македонија, Живко Митревски во однос на тоа кои мерки биле преземени за ублажување на последиците од Светската финансиска и Европската должничка криза, нагласи дека Сојузот работел на три столба во одговор на справување со кризата.

-Првиот беше да не дозволиме масовни отпуштања во Република Македонија и тоа заедно го направивме. Вториот столб беше да не дозволиме намалување на платите и третиот столб беше да не дозволиме дури зголемување на пензиската граница. Значи тоа се три столба каде што и понатаму ќе работиме, истовремено со оглед на тоа што завршува и оваа тековна година ќе ги имаме и информациите во делот на минималната плата, рече тој.

Во однос на Законот за минимална плата, Митревски посочи дека ќе има зголемување на основицата. Првичниот износ од 8 050 сега ќе се зголеми на 8 600 денари. Тој рече дека е добро што имаме ваков закон за минимална плата како и определбата тој да биде поврзан со процент, а не со конечен износ.

-Тоа покажа дека сме направиле добра стратегија како еден дел од стратегиите за справување со ваквата криза- потенцираше Митревски.

Додаде дека истовремено во делот на невработеноста ССМ со Министерството за труд и социјална политика и со социјалните партнери преку економскиот социјален совет се инволвирани во активните политики за самовработување во делот на политиките за доплнителни вработувања.

Тој нагласи дека едно од прашањата со кои сакаат да се решат е и проблемот на претпријатијата загубари. Митревски рече дека решението за статусот на оваа категорија работници ќе се најде со отпочнување на процесот на креирање на посебен закон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top