-Велика Британија и САД се сојузници во случајот со Сирија, иако Британците нема да учествуваат во евентуалната воена интервенција во оваа блискоисточна земја, поради одлуката на Парламентот во Лондон – изјави британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.
Според него двете земји работат заедно за „спасување на човечки животи“ во Сирија, како и за отпочнување мировни преговори, но и за „остар и цврст одговор“ на сирискиот претседтаел Башар ал Асад. Убеден е во вината на Асад околу употребата на хемиско оружје против сириските цивили. Засега нема докази дека токмму сириските трупи користеле хемиско оружје во борбите во околината на Дамаск при што, според западни тврдење, биле убиени повеќе од илјада луѓе.
Асад во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес демантираше дека наредил користење на хемиското оруќје, што Сирија го има во својот воен арсенал. Американскиот Конгрес треба оваа недела да одлучи дали ќе му се дозволи на претседателот Барак Обама воен напад на САД врз уште една арапска земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


