| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска собир за „Слобода за Кили“

kili1_5081Вечерва Тетовирање кај Бристол – младите ќе бараат слобода за Кили, актерот Кирил Поп Христов, кој беше уапсен откако во куќата на неговата мајка во Визбегово беа пронајдени 80 саксии марихуана.

-Неговото апсење го погоди секој од нас. Во негова поддршка овој понеделник во паркот кај Бристол организираме собир. Ќе го прикажуваме „Тетовирање” од Столе Попов каде Кили игра една од своите најпознати улоги. После филмот собирот, DJ сет на Шурбе и неформален муабет за третманот што Кили, а и сите ние го добиваме од државата – пишуваат организаторите на Собирот закажан за денеска во 20 часот.

Се огласи и неговиот брат Владимир Поп Христов  – Мио, за кого полицијата има распишано потерница. Мио е на одмор во Грција и најави дека се враќа денес. На фејсбук групата тој напиша дека би сакал да биде пред Бристол, но претпоставува дека ќе биде уапсен.

mio1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top