| четврток, 6 декември 2018 |

Нејмар ослободен од сите обвиненија

nejmar

Ова е конечно позитивна вест за некој член на Барселона бидејќи во последните денови имаше многу казни. Прво Барса доби информација дека ќе мора да врати пари што ги должи поради даночно олеснување, а потоа Меси доби затворска и парична казна.

Покрај Нејмар, ослободување од обвинението добија и агентот на Нејмар, како и поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел. Меѓу обвинетите беше и поранешниот претседател на Сантос, Одило Родригеш.

Делото против Нејмар се водеше во период од три години, а се однесуваше за преминувањето на играчот од Сантос во Барселона. Се сметаше дека имаше голема неправилност, но со ова се отфрлаат сите обвиненија, па Бразилецот ќе може без проблеми да продолжи со настапите во екипата на Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top