Како сцена од некој филм изгледа видеото кое го објави чешката полиција трагајќи по непозната жена, која на Саем за скапоцени камења во Прага украла дијаманти во вредност од 20.000 евра.
– Исчезнаа вкупно 71 дијамант, потврди портпаролот на полицијата Томаш Хулан, според кого младата жена два пати се доближила до тезгата на која биле скапоценостите и првиот пат ја доближила касетата со накитот, а вториот пат ја земала со себе.
Објавувајќи ја нејзината фотографија, полицијата побара помош од граѓаните, да се јават доколку ја препознаат жената, висока околу 165 сантиметри и на приближно 35-годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)