| четврток, 6 декември 2018 |

Како филмска сцена: жена среде бел ден украла дијаманти од 20.000 евра

Како сцена од некој филм изгледа видеото кое го објави чешката полиција трагајќи по непозната жена, која на Саем за скапоцени камења во Прага украла дијаманти во вредност од 20.000 евра.

–  Исчезнаа вкупно 71 дијамант, потврди портпаролот на полицијата Томаш Хулан, според кого младата жена два пати се доближила до тезгата на која биле скапоценостите и првиот пат ја доближила касетата со накитот, а вториот пат ја земала со себе.

Објавувајќи ја нејзината фотографија, полицијата побара помош од граѓаните, да се јават доколку ја препознаат жената, висока околу 165 сантиметри и на приближно 35-годишна возраст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top