| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка во затворот Идризово – затвореник прободен со нож

idrizovo-Small

Вчера настанала тепачка меѓу осуденици во затворот Идризово.

Инцидентот се случил околу 11 часот кога 34-годишниот A.К. и 35-годишниот A.K. како и 24-годишниот Р.К. и уште четири непознати машки лица, најпрвин физички го нападнале осуденикот З.Л.(28) од Грчец удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а во еден момент осуденикот А.К. со нож му нанел неколку убоди на З.Л.

На повредениот му е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top