Новоизградената катна гаража меѓу улицата „Свети Кирил и Методиј“ и булеварот „Македонија“ денеска официјално ќе биде отворена.
На отворањето ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Катната гаража е на две подземни нивоа, а обезбедени се вкупно 445 паркинг места од кои 17 се наменети за лица со посебни потреби.
На приземјето ќе има деловен простор, а последниот кат е предвиден за угостителство. За потребите на гаражата се предвидени два влеза и два излеза за возила, како и два влеза за посетителите на објектот.
Фасадата е изработена од префабрикувани алуминиумски елементи поставени на дистанцери и одалечени 50 сантиметри од карабината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



