Нова жртва во сообраќајна несреќа на патот Крива Паланка-Куманово, петта по ред за само една недела.
Во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 19 часот животот го загуби 51-годишниот Сулејман М. од гостиварското село Ростуше.
Од полицијата информираат дека до несреќата дошло откако Сулејман кој управувал со автомобил „Опел вектра“ изгубил контрола над возилото и излетал од патот во нива.
Тој на лице место им подлегнал на повредите, а во несреќата со тешки повреди се здобил неговиот сопатник од истото село, А.Б. роден ’69 година.
Повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, а телото на починатиот е предадено на обдукција.
На оваа делница, на 2 септември загина момче, а само еден ден подоцна уште тројца подлегнаа во страшен судир на три автомобила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



