Полицијата во Лондон минатата ноќ уапси над 160 лица за време на маршот „против изламизацијата на Велика Британија“, организиран од страна на екстремно десничарската група Англиска одбранбена лига (ЕДЛ).
За обезбедување на собирот властите ангажираа околу 3.000 полицајци, кои беа задолжени за одржување на редот и кои спречија избувнување немири и судири од поголем размер.
Поголемиот дел од приведените се противници на ЕДЛ, кои се обиделе да го попречат собирот, но уапсени се и 14 членови на Лигата, под обвинение за поседување ладно оружје, за нарушување на јавниот ред и за прекршување на условите за одржување на маршот.
Протестниот марш се одржа во реонот на Тауер Хамлетс, каде мнозинството од жителите се муслимани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



