| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Советот за безбедност не е Совет за безбедност

samantha-powerАмериканската амбасадорка во ОН Саманта Пауер вели дека САД се натерани на самостална акција, бидејќи светската организација е немоќна да стори било што заради Кина и Русија.

-Советот на безбедност, онаков каков што му треба на светот не е Советот за безбедност кои денеска постои, вели таа обвинувајќи ја Русија која не дозволи ОН да го осуди хемискиот напад во Сирија.

Во меѓувреме специјалниот пратеник на ОН за Сирија Брахими изјави дека ниедна земја нема право да дели правда во Сирија и дека меѓународната заедница мора да е насочена кон барање политичко решение за конфликтот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top